Османи: Во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес

Од:

ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан, што би претставувало географска и политичка консолидација на европскиот континент. Тој процес е од стратешки интерес за двете страни и потребно е поголемо вклучување на земјите од регионот во дебатата за иднината на ЕУ, на начин како иницијално беше овозможено за време на Преспа форумот и панелот на конференцијата Иднината на Европа.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи во обраќањето на панелот на министри за надворешни работи „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, што се одржа денеска во рамки на Дубровник форумот.

Османи направи осврт на неодамна одржаниот Преспа форум за дијалог во Охрид, севкупниот реформски контекст поврзан со формалниот почеток на преговори со ЕУ, како и односот и очекувањата на земјите кандидати и претенденти за членство во ЕУ.

Порача дека во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес, при што, потенцираше, двете страни би се придржувале до прифатените обврски -испорачани реформи за формален почеток на преговори за членство, како за Северна Македонија и Албанија.

-Не постои друг начин Европа да биде целосна, освен интегрирањето на делот кој недостига, нагласи Османи.

На панелот учествуваа и заменик-премиерот и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово Грвала-Шварц, министрите за надворешни работи на Црна Гора Радуловиќ, Албанија Џачка, Чешка Кулханек, Грција Дендиас, заменикот министер за надворешни на Босна и Херцеговина Бркиќ, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан Лајчак, членот на Европскиот парламент Зовко, назначениот висок претставник за Босна и Херцеговина Шмид и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Србија, Старовиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани