Османи во посета на Унгарија, Хрватска, Италија и Белгија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска патува во работна посета на Република Унгарија. Во текот на посетата на Република Унгарија, Вицепремиерот Османи ќе оствари средба со Саболч Такач, Државен министер за европски работи при канцеларијата на Премиерот и претставник на Република Унгарија во Европската Унија, по што ќе оствари средба и со Министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Од Унгарија Османи продолжува во работна посета на Република Хрватска, каде во вторник, ќе оствари средба со Министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ Буриќ, а ќе оствари средба и со Претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, како и поддршката од страна на Унгарија и Хрватска за земајва во пресрет на клучните европски самити во јуни.

В четврток, Вицепремиерот Османи ќе отпатува на работна посета во Италија, а веќе во петок, ќе оствари и работна посета на Белгија.

Османи во текот на посетите предвидено е да оствари повеќе средби со претставници на државниот врв од двете земји.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски