Османи во посета на Португалија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Португалија во рамки на која ќе има средби со министерот за надворешни работи Аугусто Сантос Силва и со претседателката на Комисијата за европски прашања на португалскиот Парламент, Регина Бастос.

На средбите, соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе реферира за напредокот на земјата во европските интеграции, а во пресрет на Извештај на Европската Комисија. Посебен фокус ќе биде ставен и на поддршката од Португалија на европските интеграции на Северна Македонија, а во пресрет на јунските самити на Европската Унија.

Во рамки на работната посета на Португалија, вицепремиерот Османи в недела ќе учествува на Годишниот „Хорасис глобален состанок“ (Horasis Global Meeting ) што е еден од водечките светски собири за бизнис и политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”. Османи ќе има обраќање на панелот посветен на предизивиците и перспективите на Европа и Европската Унија, насловен „2019, година на обнова на Европската Унија“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари