Османи во неколкудневна работна посета на Португалија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, од утре ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Португалија во рамки на која ќе има средби со министерот за надворешни работи Аугусто Сантос Силва и со претседателката на Комисијата за европски прашања на португалскиот Парламент, Регина Бастос.

На средбите, соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе реферира за напредокот на земјата во европските интеграции, а во пресрет на Извештај на Европската Комисија. Посебен фокус ќе биде ставен и на поддршката од Португалија на европските интеграции на Северна Македонија, а во пресрет на јунските самити на Европската Унија.

Во рамки на работната посета на Португалија, вицепремиерот Османи в недела ќе учествува на Годишниот „Хорасис глобален состанок“ (Horasis Global Meeting ) што е еден од водечките светски собири за бизнис и политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”. Османи ќе има обраќање на панелот посветен на предизивиците и перспективите на Европа и Европската Унија, насловен „2019, година на обнова на Европската Унија“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски