Османи во Финска ќе се запознае со приоритетите на финското претседавање со ЕУ

Од:

Приоритетите на финското претседателство, предизвиците и перспективите за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, како и билатералната поддршката на Република Македонија од страна на Финска, особено за процесот на евроатланско интегрирање на земјава ќе бидат темите на кои ќе се осврне вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на средбите со високи претставиници на властите во Финска.

Османи денеска престојува во Финска, во рамки на мини-турнејата за посета на земјите – претседавачи со ЕУ. Финска е следниот претседавач со Унијата по Романија, земјата на 1 јуни ќе го преземе претседателството со ЕУ.

Османи е предвидено да се сретне со министерот за европски прашања, Само Терхо. Ќе има средба и со претставниците на Кабинетот на премиерот Јуха Сипилја, претставниците на Комитетот за европски прашања при финскиот Парламент, како и со претставниците на Министерството за надворешни работи.

Во рамки на мини-турнејата се трите земји кои во наредните 18 месеци се претседавачи со Советот на ЕУ, Османи ја посети Романија, а потоа следува посетата на Хрватска, која со Унијата ќе претседава по финското претседателство.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите