Османи во Дубаи: Продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес во Дубаи оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка Реим бинт Ебрахим Ал Хашеми, која е одговорна за меѓународна, развојна и техничка помош и главен управен директор на „ЕКСПО 2020 Дубаи“.

Како што соопшти МНР, централна тема на средбата е учеството на Северна Македонија на „ЕКСПО 2020 Дубаи“, при што беше посетен и Павилјонот на земјава на саемот, кој е во финална фаза. Во рамките на разговорот Османи упати благодарност за помошта на ОАЕ за справување со пандемијата Ковид-19, што беше доделена на нашето Министерство за здравство во текот на месец ноември минатата година.

На првиот ден од посетата, Османи имаше средба и со министерот за надворешна трговија, Тани Ахмед Ал Зејуди, со кого разговараше за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена.

– Економската соработка останува како главен фокус на нашиот заеднички интерес, така што можеме да истакнеме дека главни области на интерес се трговијата, инвестициите и туризам, истакна Османи.

Во рамките на дводневната посета на ОАЕ, утре Османи во Абу Даби ќе се сретне со неговиот колега Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан, со министерот за толеранција и соживот, Шеик Нахјан Мубарак Ал Нахјан, со државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајег како и со извршниот директор на Меѓународниот центар за спротивставување на насилниот екстремизам и радикализам Хедаја, Ахмед Ал Касими.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија