Османи во четврток во првиот лет од Атина за Скопје, претходно ќе се сретне со Катругалос

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во четврток, на 1 ноември ќе замине за Атина по повод повторното воспоставување на авионската линија меѓу македонската и грчката престолнина.

Според истите информации, Османи ќе оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по што, од грчкото МНР, заедно ќе се упатат кон атинскиот аеродром “Елефтериос Венизелос”, од каде што вицепремиерот, во Македонија ќе се врати со првиот лет од Атина за Скопје, воспоставен по пауза од над 10 години.

Летот е во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време.

Грчката авио компанија “Aegean airlines”, од 1 ноември почнува со редовни летови, два пати седмично од Атина за Скопје и обратно.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервјуто за грчкиот весник “Реал њуз” го спомена и почетокот на авионската линија за директно поврзување на Атина и Скопје, како можност за продлабочување на контактите меѓу двата народи и зголемување на соработката во повеќе области.

-Тоа е особено позитивен развој на настаните, што значително ќе придонесе во зголемување на контакти меѓу нашите народи, но и во промовирање на нашата соработка во областа на туризмот, трговијата и бизнисот. Индикативно е колку се доближија нашите народи во последниве години, градејќи доверба и меѓусебно разбирање, рече Катругалос во интервјуто за грчкиот весник.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски