Османи во Брисел на НАТО состанок со Министрите за надворешни работи на Алијансата

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на 6 и 7 април ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што информира МНР, централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините за унапредување на политичката и практична помош за партнерските земји кои се изложени на поголем ризик.

Престојот во Брисел Османи ќе го искористи за да оствари и неколку билатерални средби со своите хомолози, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија