Османи: Владата ќе работи на отстранување на забелешките од ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана Де Зулуета, на која истакнал дека Владата многу сериозно пристапила на забелешките и препораките нотирани во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР изготвен по одржувањето на последните избори.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Османи истакнал дека оваа посета доаѓа во вистинско време за земјата со оглед на тоа што ни претстојат локалните избори што треба да се одржат во октомври 2017 година и претставува одлична можност да се усогласат клучните приоритети од препораките од извештите на ОБСЕ/ОДИХР кои треба да се адресираат во наредниот период.

– Владата многу сериозно пристапи на забелешките и препораките нотирани во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР изготвен по одржувањето на последните избори, рече Османи.

Тој додаде дека Владата веќе изготви план во кој посебно место имаат итните приоритети на кои Владата ќе се посвети во наредните три месеци, токму пред одржувањето на локалните избори.

– Потребно е да покажеме дека имаме капацитет да спроведеме демократски и кредибилни избори во согласност со меѓународните стандарди што би било уште еден позитивен елемент за придвижување на земјата во процесот на европска интеграција, додаде Османи.

Покрај разговорите за изборните реформски приоритети, двајцата соговорници, како што стои во соопштението, изразија задоволство од новата позитивна клима која владее во земјата и оптимизмот од враќањето на земјата на европскиот пат. Тие констатирале дека новиот позитивен импулс, како во Македонија, така и кај земјите членки на унијата, треба да се искористи за уште похрабар пристап кон исполнување на предвидените реформи и со тоа да се забрзаат процесите на европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа