Османи вети, но не го објави протоколот преку кој Македонија ќе исполнува бугарски желби

Од:

Додека опозицијата гласно вели дека утре Владата ќе го прифати францускиот предлог, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не го дава протоколот на увид. И по низа инсистирања и укажувања, ниту една од засегнатите институции не го објавуваат официјалниот текст од протоколот. „А1он“ четврти ден инсистира да го добие протоколот со кој Македонија зема десетици обврски наложени од Бугарија, притоа се регулираат и важни историски прашања, дефинирањето на говорот на омраза. Иако добивме ветување дека најдоцна до денеска протоколот ќе е јавен, тој остана таен.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, повеќе не одговара ниту на пораките од „А1он“. И денеска го прашавме кога ќе биде објавен, бидејќи тоа е негово ветување, но тој не најде простор за да објасни зошто овој документ се крие. Во јавноста се коментира протоколот ќе биде објавен, во моментот кога нема да има повеќе простор за негово дискутирање туку само прифаќање.

„А1он“ веќе објави дека Владата посочува дека протоколот не е дел од преговарачката рамка бидејќи во нејзе не е експлицитно наведен со името „протокол“. Но, доколку се види позицијата на ЕУ, изразена преку документот објавен од Владата, јасно стои дека протоколот е вклучен преку членот 12 од Договорот за добрососедство. Ова би значело дека тој формално е билатерален документ, но е дел од преговарачката рамка, што за Владата беше неприфатливно и поради неговото вклучување кажа „не“ на т.н. прв француски предлог. Преку протоколот и било какво негово вклучување во преговарачката рамка, од решавањето на историските прашања ќе зависи македонската интеграција во ЕУ.

Протоколот денеска требаше да биде усогласен со Генчовска. Според неофицијални информации, преку него, Македонија ќе ги исполнува желбите на Бугарија. Но, нема никаква гаранција дека Македонија нема да биде повторно блокирана во патот за пристап кон ЕУ.

Вчера, став побаравме и од претседателот Стево Пендаровски за тоа зошто протоколот не се објавува јавно, а тој не одговори на прашањето и само искоментира: „Јас го знам, само не е усогласен, не е потпишан“.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски