Османи: Велика Британија е еден од најважните партнери на Македонија

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со новоименуваната Амбасадорка на Велика Британија во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На почетокот од средбата Вицепремиерот Осамни ѝ посака топло добредојде на Амбасадорката Галовеј на работна мисија во Република Македонија, посочувајќи притоа на одличната соработка со нејзиниот претходник Чарлс Гарет, и изразувајќи притоа искрени очекување за успешно продолжување и продлабочување на оваа соработка.

„Го започнувате вашиот мандат во клучен момент за Република Македонија, период кога Советот на ЕУ донесе временска рамка за почеток на преговори во јуни, но и период кога земјата ги почнува преговорите за членство во НАТО“, рече Османи, посочувајќи притоа дека како земја очекуваме да продолжи поддршката од страна на Велика Британија за овие интегративни процеси на Република Македонија.

Османи посочи и на значењето што за земјава го има и билатерална помош од страна на Велика Британија, изразувајќи надеж дека истата ќе се интензивира согласно исходот од процесот БРЕГЗИТ, и согласно интересот кој Велика Британија го покажува за напредокот на земјите од Западниот Балкан.

„Билатералната соработката, и поддршката од страна на Велика Британија, има значајна улога во имплементација на реформите во различните области како што се администрацијата, образованието, во правосудниот систем, унапредување на демократијата, владеењето на правото, безбедносниот систем итн“, истакна Османи.

Вицепремиерот Османи во текот на разговорот повтори дека Обединетото Кралство е еден од најважните партнери на Република Македонија и изрази благодарнот што и покрај сложените сопствени предизвици околу процесот БРЕГЗИТ, Велика Британија сепак останува силен поддржуваш на политиката на проширување на ЕУ, која ја смета како гарант за стабилноста и безбедноста на Европа во целина.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски