Османи: Велигден преставува симбол на надежта, заедно да ја победиме заканата од КОВИД-19

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи преку видео порака на сите православни граѓани на Република Северна Македонија, им го честита празникот Велигден.

Во своето обраќања Османи, истакнува дека Велигден преставува симбол на солидарноста, добрината и пред се на надежта.

– Интересирајќи се за важноста на овој празник впечаток ми остави вербата во силата на животот да ја победи смртта како универзална вредност за моќта на надежта и победата на доброто врз злото. Денес кога пандемијата КОВИД-19 преставува закана за нашите животи победата на животот над смртта преставува убава порака за охрабрување која ни влева надеж, дека заеднички ќе ја издржиме оваа криза, и заедно ќе ја победиме оваа закана, рече Османи.

Воедно, тој празникот им го честита на православните сограѓани, Македонци и Албанци, и сите кои што слават денеска Велигден, додавајќи нека вредностите на солидарност, добрина и надеж кој ги симболизра овој празник, во име на заедништвото, ги посакува за сите.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија