Османи: Веќе не е во прашање само Македонија, туку дали Софија ќе ја закочи европерспективата на цел Западен Балкан

Од:

Веќе не е прашање дали Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите, ова е прашање дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива. Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега, Горан Грлиќ Радман.

Рече дека времето до јунскиот Самит на ЕУ е кратко и почетокот на преговорите зависи од Бугарија.

Сега ќе се знае дали во Софија ќе се погребе перспективата на Западен Балкан, изјави Османи.

„Се надевам дека бугарските политичари ќе се издигнат на нивото на задачата којашто ја имаат и нема да дозволат во Софија да се изгради споменик на гробот на најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години, а тоа е политиката на проширување. Уште сум оптимист дека во овие турбулентни времиња секој ќе ја разбере својата улога, ќе преземе стратешко лидерство и ќе испрати порака кон граѓаните на Западен Балкан дека тие се тука во срцето на Европа“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија