Османи: Создаваме придобивки за следните генерации, не за следните избори

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски Прашања, Бујар Османи, денес ги презентираше новите делови, шест и девет, од Планот 3-6-9, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија.

„Направивме целосна имплементација на сите забелешки и препораки содржани во извештаите на Европската Комисија, со особен акцент на препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе“. – посочи Османи. Тој објасни дека интенцијата на Владата е Планот 3-6-9 да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси. Тој ги повтори очекувањата на Владата за конкретни чекори од стана на Европската Унија, но и на земјите – членки на Унијата, во насока на визибилноста на европските перспективи во Македонија, согласно успешната имплементација на Планот 3-6-9, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања.

„Пред нас имаме процес на имплементација на сериозни реформи, политички чекори насочени како придобивка за следните генерации а не за следните избори. Владата храбро влезе во реализација на овие реформи и согласно нивната испорака, граѓаните ќе очекуваат испорака и од страна на Европската Унија“, истакна Османи.

Османи нагласи дека Планот 3-6-9 претставува добра основа за изградба на широк општествен консензус, за што веќе се остварени средби со Претседателот на државата, Иванов; покрај честите комуникации, одржана е и трибина со граѓанскиот сектор, на која се презентираше Планот 3-6-9; се прават напори за создавање директни канали на комуникација и со опозицијата, од каде се добиваат позитивни сигнали, итн. „Во наредниот период, ќе се посветиме на изградбата на широк општествен и политички консензус за Планот 3-6-9, со цел да ги издвоиме интеграциите во ЕУ и НАТО од дневната политичка дебата, и со тоа, да ја искористиме историската шанса за во 2018 година да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО“, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски