Османи: Собранискиот надзор над безбедносните служби е значаен дел од реформскиот процес

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со делегација од Секретаријатот за европски прашања денес одржа состанок со Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев.

На состанокот се разговараше за улогата на Комисијата во обезбедувањето на ефикасен собраниски надзор над работата на безбедносните и разузнавачките служби, како и можностите за соработка и поддршка од страна на СЕП како координатор на процесот во смисла на институционална, техничка и финансиска поддршка, вклучително и преку проектите со кои тековно располага Секретаријатот.

„Реформата на безбедносните служби е една од клучните области кои одблиску се следат и од ЕК и од земјите членки“, истакна Вицепремиерот Османи.

„Од аспект на законската рамка имаме значителен напредок, односно успешно ја завршивме правата фаза со формирањето на ОТА, а веќе во собраниска процедура се и законите со кои ќе се овозможи одвојување на УБК од МВР и формирање на нова агенција, која ќе биде надлежна за внатрешното разузнавање за безбедносни цели“, додаде Османи.

Во продолжение, тој изрази задоволство од работата и на Собраниската Комисија за следење на безбедносните служби, посочувајќи ги како една од главните алатки во воспоставувањето на функционалноста на реформите, како важен елемент по кој ќе се оценува севкупната трансформација на безбедносниот систем на земјата.

Средбата е дел од институционалните посети на Вицепремиерот Османи, кои имаат за цел следење на имплементацијата на реформите од Планот 18, предизвиците поврзани со истата, како и соодветниот „трак рекорд“ на активности од спроведување на реформите.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието