Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

Од:

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи вечерва, преку објава на социјалните мрежи ја потврди кандидатурата за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори.

По голем број консултации, по сериозно преиспитување, одлуката ја донесовме заеднички со луѓето кои се околу мене, да ја понудам мојата посветеност и да ја побарам довербата за да ја предводам нашата општина. Не се работи за функција, тие кои ме знаат, добро знаат дека сѐ што правам, во секој предизвик, влегувам искрено, влегувам целосно без никакви задршки. Се работи за одговорност кон сопствениот дом, затоа што граѓаните на Чаир не заслужуваат да живеат во супстандардни и небезбедни услови, не заслужуваат да бидат игнорирани и омаловажувани – стои во објавата.

Промените, додава, не се лесни и затоа, вели, долго размислувал пред да ја донесе одлуката да се кандидира за градоначалник за Општината.

Се работи за моите соседи, за нас, за иднината на нашите деца; го прифаќам предизвикот затоа што онака како што пораснав јас во Чаир, сакам тука да растат и Мал, и Елиза и малиот Луан и нивните другарчиња. На Чаир му се потребни промени вистински, длабоки и човечки промени. Знам дека тие промени не се лесни, и затоа долго размислував пред да ја донесам оваа одлука. Јас не бегам од тешки мисии, напротив, верувам дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, можеме да го промениме Чаир. Да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница, со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните – вели Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот

Османи го најави проектот „Плоштад Лирија“ кој предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ