Османи со посета на Берлин почнува нова европска турнеја

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи со денешната посета на Германија ја почнува турнејата во неколку значајни европски метрополи. Покрај Берлин, Османи ќе ги посети и Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите членки на ЕУ.

Османи денеска е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Во рамките на оваа посета, Османи ќе оствари средби и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на канцеларката Ангела Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации и комисии во рамките на посетата на германскиот Бундестаг.

Од Берлин Османи утре заминува за Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм, в среда, каде ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Во Стокхолм е предвидено Османи да го посети и шведскиот Парламент – Риксдаг, каде ќе оствари средби со потпретседателките Лота Форнаве и Кирстен Лундгрен. Во агендата на министерот во рамките на посетата на Шведска се и средбите со Ана Сандстром, советничка за ЕУ на премиерот Стефан Ловен, како и со државната секретарка задолжена за европски прашања, Паула Оловсон.

Дипломатската турнеја на Османи се одвива во период на засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на Северна Македонија. Покрај билатералните односи, централни теми на средбите ќе биде европското досие на земјава, и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции