Османи со поддршка до Захариева за разрешување на случајот со шпионажа во корист на Русија

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и изрази поддршка на неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, за справување со случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија.

-Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудива сите малигни активности на територијата на Република Бугарија, напиша Османи на неговиот твитер налог обраќајќи се до Захариева.

Бугарското Државно обвинителство соопшти дека е откриена криминална група за шпионажа во корист на Русија. Таа била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломираше на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз, кого Обвинителството го нарече „резидент“. Тој регрутирал лица кои имале пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија