Османи – Шаленберг: С. Македонија и Албанија веднаш и без одложување да ги започнат преговорите со ЕУ

Од:

Денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи му беше домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александар Шаленберг, кој е во работна посета на Република Северна Македонија.

Како што соошти МНР, во пресрет на стратешката дебата на ЕУ за Западниот Балкан, закажана за следната седмица во Брисел, како и претстојните јунски совети на ЕУ, во фокус на разговорите меѓу двајцата хомолози било европското досие на нашата држава. Министрите се согласија дека нужно потребно е да се забрза пристапниот процес на сите земји од Западен Балкан, а особено да дојде до заслуженото отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, со што ќе се испрати силна порака дека Европската унија ја смета интеграцијата на регионот за приоритетно прашање од геостратешки и безбедносен интерес.

„Aвстрија ни е стратешки партнер, заради конзистентноста на поддршката што ја дава за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија и посебно за Република Северна Македонија. Tаа конзистентност низ годините се манифестира и во Брисел, и во Скопје, еве вчера и во Софија. За тоа сме благодарни, бидејќи да се има еден пријател како Австрија овде, во непосредното соседство на Западниот Балкан, е исклучително важно“, истакна Османи.

На разговорите стана збор и за продлабочување на развиената економска соработка меѓу двете држави. Со оглед дека Австрија е меѓу најголемите инвеститори во нашата држава, министерот Османи изрази очекување дека бројот на австриски директни инвестиции во Северна Македонија ќе продолжи да расте во периодот што претстои. Двајцата министри се заложија двете земји посветено да работат на приближување на бизнисите и зголемување на трговската размена, при што директната соработка на стопанските комори од нашата држава со Австриската стопанска комора е од огромно значење.

Соговорниците се осврнаа и на политичко-економските реперкусии, предизвикани од руската воена агресија врз Украина, при што обединетоста на Европа, како и соработката преку Партнерството за мир на Австрија со НАТО, е исклучително важно за надминување на актуелните геополитички и безбедносни предизвици.

На средбата беа разменети мислења и во врска со мултилатералната соработка, со акцент на идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија