Османи се сретна со делегација од Европскиот совет за надворешни односи

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска оствари средба со делегација од Европскиот совет за надворешни односи предводена од Норберт Ротген, претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот која е во посета на нашата земја.

Посетата на претставниците од Европскиот совет за надворешни односи, како што е наведено во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Османи, е со цел поддршка на европската и евроатланската перспектива на Република Македонија, особено во насока на охрабрување на земјата, во овие одлучувачки моменти, за приклучување кон европскиот моментум во регионот.

– Претставува вистинска чест присуството на нашите меѓународни пријатели и добронамерници, чија поддршка во овој период е недвосмислена и претставува важен поттик и охрабрување за граѓаните, во нивната одлука да ја поддржат европската перспектива на земјава, истакна Османи.

Во таа насока вицепремиерот Османи информираше за активностите на Владата, но и на политичките партии околу претстојниот референдум, при што, изрази надеж и очекувања за неговата успешност.

– Граѓаните ја сфатија сериозноста на оваа одлука, а со приближување на денот на одлуката, поддршката за евроатлантската перспектива на земјава расте сѐ повеќе, истакна Османи, потенцирајќи дека очекува зрело однесување и од сите релевантни политички претставници во земјата, кои, како што истакна, очекува дека нема да ја пропуштат оваа неповторлива шанса за да ѝ помогнат на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нивната аспирација за членство во ЕУ и НАТО.

Европскиот совет за надворешни работи е еден од највлијателните паневропски „тинк-тенк“ органзации, чија основна мисија претставува заштита и промоција на европските вредности, особено во изградбата на вредностите на пошироката Европа.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски