Османи: Сакаме да ја реафирмираме словенечката поддршка за финализација на преговарачката рамка

Од:

Почнува официјалната посета на Словенија. На средба со колегата Логар, претседателот Пахор и претседателот на Парламентот, Игор Зорчич сакаме да ја реафирмираме поддршката на Словенија за финализација на преговарачката рамка и одржувањето на Меѓувладината конференција до крајот на годинава. Со тоа би ги почнале преговорите и формално во текот на германското претседателство, вели во видео изјавата на својот фејсбук-профил министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Османи денеска е во официјална посета на Словенија, каде ќе има средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар, претседателот на државата Борут Пахор и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич.

Шефот на дипломатијата утре заминува во работна посета на Република Хрватска, каде покрај средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи, Горан Грлиќ – Радман, ќе оствари средби и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот Парламент.

Посетата на шефот на дипломатијата на земјите од регионот се случува во пресрет на важните одлуки за европската перспектива на земјата, во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ. Како што велат од МНР, фокус на средбите се очекува да биде европската интеграција на Република Северна Македонија, постигнатиот реформски напредок и одржувањето на добрососедските односи, реафирмирајќи ги притоа очекувањата за поддршка од страна на нашите пријатели за почеток на преговорите во рамките на Германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината.

На разговорите се очекува да бидат отворени и темите од билатералната соработка, особено потенцијалите за унапредување на економска соработка, како и заедничкото, регионално справување со предизвиците од пандемијата КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски