Османи: Регионот очекува многу од хрватското претседателство со ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со новата Амбасадорка на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ. Денешната средба се остварува непосредно по вчерашното преземање на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Хрватска која ќе претседава во наредните шест месеци.

„Честитки за вашата нова позиција како амбасадорка на пријателска Хрватска во земјава. Навистина клучен период во кој ја преземате функцијата, за кој се надевам дека ќе можеме да го одбележиме и како историски за нашите две земји, особено за нашите европски интеграции“, истакна Османи.

„Република Хрватска во континуитет изразува јасна поддршката за европските интеграции на Република Северна Македонија, и воопшто, поддршка за европската приказна на целиот Западен Балкан“, посочи Вицепремиерот, некриејќи ги притоа очекувањата на целиот регион од Хрватското претседателство со Унијата.

„Очекувањата се навистина големи, и ние сме свесни дека Хрватска ќе ги вложи сите напори за да го задржи процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, како дел од севкупната поддршка кон регионот, што е веќе потврдено со најавениот мајски самит на ЕУ тематски посветен на Западниот Балкан“, изјави Османи.

За време на средбата соговорниците ја реафирмираа взаемната поддршка и пријателските односи меѓу двете земји, за кои изразија уверување дека ќе продолжат позитивно да се развиваат и во иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски