Османи: Продолжуваме со реформската агенда се до полноправно членство во ЕУ

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со делегација на Република Чешка предводена од потпретседателот на чешкиот Сенат, Јири Шестак.

Средбата се одржува во многу битен момент за нашите евроатлантски аспирации односно истовремено со објавувањето на Извештајот на ЕК за состојбите и напредокот на Македонија на патот кон ЕУ. Во оваа насока Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Чешка, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група.

За време на средбата Вицепремиерот Османи накусо се осврна на изминативе девет месеци во кои Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, чија валоризација се случува токму денес, со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија за напредокот и состојбите во земјава, во кој се очекува чиста и безусловна препорака за Република Македонија. „Денес истекува и рокот за реализацијата на Планот 3-6-9 кој ја исполни својата суштина и со имплементација од над 90% од предвидените реформи ја врати Македонија на евроатланскиот пат“ – истакна Османи, додавајќи притоа дека успешното спроведување и реализацијата на Планот 3-6-9 која очекува денеска да биде крунисано со веројатно најдобриот извештај на Европската комисија за состојбата и напредокот на земјата на евроинтегративниот пат.

Османи посочи и дека земјата останува на реофрмскиот пат и по завршувањето на Планот 3-6-9, и тоа во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од Шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите, забелешките кои ги очекуваме во денешниот Извештај на Комисијата.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски