Државниот врв интензивно се координира за именување на нов амбасадор во Софија, посочи на новинарско прашање министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи од Тетово.
-Прашањето е сосема на место и е жално што се уште немаме амбасадор во Софија. При крај сме со консултации и координаците на ниво на трите инстутуции, претседател, премиер и Министерство за надворешни работи за да определиме кандидат кој соодветно ќе одговори на мисијата, истакна Османи.
На прашањето за намалени плати на амбасадори во другите дипломатски претставништва, Османи рече се определуваат врз основа на коефициент на потрошувачка кошница за секоја држава која го определува Обединетите Нации и така варираат.
– Како ги определуваат Обединетите Нации колку е потрошувачката кошница во Брисел така се адаптираат платите на амбасадорите и тука јас немам дискреционо право да ги менуваме платите. Да, се рефлектира тоа во одредени држави каде поради пандемијата веројатно се намалил тој коефициент меѓутоа тоа се циклични варијации и дипломатите се адаптирани на истите. А исто така се пополнуваат местата. Во мојот мандат овие осум месеци сум испратил 12 нови амбасадори и тоа е суштинска разлика во однос на минатото, истакна Османи.
Тој рече и дека оваа година има 51 дипломат кои што треба да ги прати во мисиите за да се пополнат потребите.