Oсмани: Потребна ни е поддршка во ширењето на европската приказна на Балканот

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со претставниците од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Кристијан Хелбах и Томас Осовски кои се во работна посета на земјава.

„Од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех“, изјави Османи изразувајќи огромна благодарност за континуираната поддршка од страна на СР Германија за нашите напори во исполнувањето на препораките на ЕУ како и за севкупните активности на Германија во насока поддршка на политиката на проширување на ЕУ на земјите од Западен Балкан.

За време на средбата Османи се осврна на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, при што посочи на континуитет на реформскиот процес преку конкретен напредок во клучните реформски области – правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ќе претставуваат основа за овогодинешниот извештај на Европската Комисија, а воедно изрази и уверување дека истиот по квалитет ќе го замени минатогодишниот.

„Во периодот кој ни претстои неопходна ни е поддршка од страна на сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме европскиот скептицизам преку конфирмација на одлуката за отпочнување на преговорите со Република Северна Македонија на јунските самити на Европската Унија“- истакна Османи.

Соговорниците за време на разговорот се осврнаа и на германската финансиската и билатералната развојна поддршка на Северна Македонија при што изразија заедничко уверување дека истата ќе продолжи и понатаму со засилен интензитет во сите сфери од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите