А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Османи: Португалскиот предлог е креативно решение коешто ги адресира сензитивностите на сите три страни

by А1он30/05/2021 - 14:23195
Share0

Португалскиот предлог е креативно решение коешто ги адресира сензитивностите на сите три страни. Нашата позиција, бугарската и на земјите членки, бидејќи очигледно и земјите членки имаат став по однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес. Тоа што ќе се постави како модел со нас, утре ќе направи преседан и за другите земји-кандидати и земји во регионот. Тоа може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот и оттука е интересот на земјите-членки, межеби не само заради нас, туку и заради самиот процес, да го заштитат, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Добивај вести на вибер

Тој, на денешната прес-конференција, на која го презентираше проектот МКарта, околу тековните контакти со Бугарија, рече дека мисли оти главна тема не се идентитетските прашања, туку е патоказот којшто ќе содаде предвидливост во имплеметацијата за Договорот за пријателство.

– Патоказот е за нас прифатливо решение кое што ќе ја создаде таа предвидливост. Сме го разговарале тој акциски план во неколку наврати во делот на секторската соработка, меѓутоа мислам дека е повеќе обврска на земјите-членки да кажат каде ќе биде ставен тој патоказ и дали ќе го заштитат европскиот процес како таков, отколку што е само наша обврска. Така што тој дел од бремето мислам дека паѓа на земјите-членки, а наше е да работиме тој акциски план да се дефинира што побрзо, рече Османи.

Тој наведе дека има две недели до можност за успешно финализирање на овој процес.

– Советот за општи работи е на 22 јуни, меѓутоа имајте предвид дека подготвителните состаноци почннуваат неколку дена порано. Така што тоа го скратува уште повеќе прозорец на можности за изнаоѓање на решенија. Без да бидам прецизен во датуми јас очекувам во наредните денови да има таква средба и на ниво на премиери и на ниво на министри со цел да се договори една динамика да може да се адресираат прашањата коишто ја засегаат бугарската страна, а се во рамки и на предлогот на Португалското претседателство, посочи Османи.

Министерот за надворешни работи истакна дека останува на ставот дека во јуни ќе биде клучно, независно што, како што рече, не сакам да ги подигнам очекувањата на граѓаните.

– Тоа е комплексен процес којшто не зависи веќе од нас. Нашето е до исполнување на критериумите. Критериумите се исполнети сега очигледно процесот зависи од многу динамики во земјите членки, но нашиот ментален пристап, нашиот работен пристап е да работиме за јуни како да е единствена шанса за изнаоѓање на решение, иако имам лично чувство дека во наредните две години, јуни е најдобрата шанса. Овие две недели ќе имаме контакти на политичко ниво, потоа на дипломатско ниво, да се обидеме да ги адресираме прашањата коишто се појавија како пречка во овој период, образложи Османи.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен