Османи: Политиката и Владата нема да се мешаат во судството

Од:

Политиката и Владата нема да се мешаат во судството, ниту да прават генерален реизбор на судии. Нашиот став е да се направат суштински реформи во судството. Таму каде што се згрешило ќе има мерки, меѓутоа таа надлежност се дава на Судскиот совет како орган којшто врз основа на квалитативни и квантитативни критериуми ќе донесе одлука, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи.

– Во врска со изјавата дали ќе има или ќе нема реизбор на судии, консензуален е ставот на Владата, на Европската комисија, на телата на Советот на Европа, вклучувајќи ја и Венецијанската комисија и ГРЕКО дека неопходни се суштински реформи во судството. Меѓутоа, интерпретирањето дека Владата или политичките партии ќе прават генерален реизбор на судии е погрешна интерпретација. Политиката нема да се меша во судството, ниту да прави генерален реизбор на судии. Ниту, пак, моделот којшто се објаснува дека ќе се користи, албанскиот модел на судии исто така не може да се имплементира затоа што секој систем е направен согласно условите на државата. Нашиот став е суштински реформи во судството, да. Таму каде што се згрешило ќе има мерки, меѓутоа таа надлежност се дава на Судскиот совет како орган којшто врз основа на квалитативни и квантитативни критериуми ќе донесе одлука. Меѓутоа, немешање на политиката и немешање на Владата, ниту на новото парламентарно мнозинство во тој дел. Судскиот совет во рамки на судството ќе треба да прави суштински реформи, рече Османи на новинарско прашање пред состанокот на СЕП и Минситерството за правда посветен на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 во делот на правосудството.

Тој истакна дека спроведувањето на судските реформки е еден од клучните услови во политичкиот дел на критериуми кои Македонија треба да ги исполни за члнетсво во ЕУ, а со Планот 3-6-9 најголем дел од мерките, вкупно 13, се предвидени токму во областа на правосудството. Укажа и на новиот пристап на ЕУ, кој важи за секоја земја кандидат преговорите за пристапување да ги започнуваат и завршуваат со поглавјата 23 и 24 што се однесува на судството и основните човекови права.

– Оттука Планот 3-6-9 најголем број мерки има токму за правосудството – 13, за кои што е надлежно Министерството за правда. Меѓутоа ние како координатори на тој проект го олеснуваме, го координираме и го правиме процесот инклузивен. целта на оваа трибина е заедно со претставниците на независните институции во судството да создадеме консензус по однос на потребата за реформи, да ги координираме активностите во делот на мониторирањето, имплементирањето и во делот на информирањето, рече вицепремиерот Османи.

Министерот за правда Билен Салији истакна дека Министерството за правда во рамки на своите надлежности веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството и работни групи кои работат на донесување, односно унапредување на стратегијата во правосудството која се очекува Владата да ја донесе до октовмри годинава.

Тој додаде дека со формирање на подгрупи ќе се работи на донесување специјални закони кои се однесуваат исто така на обврските во делот на правосудството, а тоа е, вели, ставање вон сила на Закониот за утврдување на факти и пренесување на сите надлежности назад во Судскиот совет на РМ. Таму ќе ги утврдиме сите принципи прецизно за постигнување што понезависно ниво на работење.

На состанокот присуствуваа претставници на институциите во чија надлежност е имплементацијата на мерките за правосудството предвидени во Планот 3-6-9.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски