Османи: Поддршката од Унгарија е важен поттик за европската перспектива на Македонија

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи oоствари средба со Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто.

Двајцата соговорници заеднички потенцираа дека Македонија и Унгарија имаат одлични билатерални односи и плодна соработка и дека двете земји остануваат посветени на јакнењето на меѓусебните односи и продлабочување на соработката во сферите од заеднички интерес.

Вицепремиерот Османи и министерот Сијарто, исто така, се осврнаа и на европската и евроатлантската интеграција на Македонија, при што Османи изрази благодарност и задоволство од досегашната принципиелна и гласна поддршка на Унгарија за нашата земја, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група.

„2018 година претставува историска можност за Македонија да направи значаен исчекор во приближувањето кон Европската Унија и НАТО“. Во оваа смисла континуираната поддршка од страна на Унгарија претставува важен поттик за европската перспектива на Македонија„ – истакна Османи на средбата. Тој додаде дека Македонија ќе ги испорача сите реформи кои ги има преземено како обврска за откочување на евроинтегративните процеси, истакнувајќи ја притоа и намерата позитивно да пристапи во разрешувањето на сите отворени политички прашања.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Седум деца исчезнаа во близина на границата со Србија, најмладото има само две години

Унгарскиот парламент усвои предлог-резолуција со која се отфрла членството на Украина во ЕУ

А1он

Маѓар: Ја повикувам Русија да се воздржи од влијание врз унгарските избори

А1он