Османи: Поддршката од Словенија е неповратно вградена во изградбата и успехот на СЕП

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска беше во посета на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во земјава, при што оствари средба со Амбасадорот Милан Јазбец.
Османи упати честитки до Амбасадорот Јазбец за отворањето на новите поголеми простории на Амбасада, за кои, како што истакна, го отсликуваат и напредокот на пријателството помеѓу двете земји.

За време на средбата двајцата соговорници се осврнаа на најновите политички актуелности, односите со Грција, процесот на имплементација на Договорот од Преспа, за текот на имплементација на реформите од Планот 18, како и за сите останати активности поврзани со процесот за евроатлантска интеграција на нашата земја.

„Македонија се наоѓа во период на објаснувачки скрининг, со што преговарачката структура се подготвува за старт на преговорите во јуни следната година“, истакна Османи, посочувајќи на искуството на Словенија како модел за унапредување на процесот на координација на преговорите, но и разработката на акциските планови, механизмите и индикаторите за следење, како и сите останати стекнати знаења и искуства за процесот на преговори.

„Првиот твининг процес во Секретаријатот за европски прашања го направи Словенија уште во 2004 година, со што земјата неповратно се вгради во изградбата и успехот на оваа институција, за што дозволете да изразам особена благодарност“ истакна Османи, потенцирајќи дека Македонија од Словенија има доста да научи, особено од аспект на успешноста на модел во остварувањето на стратешките цели – членството во НАТО и во ЕУ.

Во текот на средбата двајцата соговорници заеднички се согласија дека повеќедецениските односи на разбирање и пријателство помеѓу двете држави и блиските релации меѓу нашите граѓани, претставуваат голем капитал и инвестиција во иднината. Во овој контекст Османи изрази огромна благодарност за досегашната јасна и силна поддршка која Република Словенија ја дава во однос на процесите на евроатланското интегрирање на нашата земја.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски