Османи: Поддршката од Франција ќе ја искористиме за подготовка на секретаријатот за старт на преговорите во 2018 година

Од:

Од денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања и официјално започнува со работа новиот технички експерт од Република Франција, Франсоа Лафонд, кој во наредните две години ќе биде советник на Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Назначувањето на нов експерт е потврда за отворената поддршка на Франција, не само на Секретаријатот за европски прашања, туку и на Македонија во нејзината евроатлантска интеграција и напорите на Владата да ја врати земјата на европскиот пат.

По тој повод, во Секретаријатот за европски прашања се одржа средба меѓу Вицепремиерот Бујар Османи и новиот технички експерт, Франсоа Лафонд, во присуство и на амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимониер.

Османи на средбата ја нагласи досегашната успешна соработка на Република Македонија со Република Франција, за која истакна дека очекува нејзино продлабочување и унапредување согласно заложбите добиени и од новиот советник Франсоа Лафонд. Тој истакна дека Франција е многу важна земја членка на Унијата, и од исклучително значење за успешното интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

„Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот“, истакна Османи на средбата.

Во таа насока поддршката што новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, ја дава за проширувањето на Европската Унија, влева силен поттик за реформските процеси во Македонија, но влева оптимизам и кај останатите земји од Западен Балкан.

За време на средбата Вицепремиерот Османи ги повтори амбициите на Владата, до крајот на годината, на декемврискиот Самит, да биде отстранета условеноста на препораката, натаму позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во Април, наредната година, како и добивање на датум за почеток на преговорите до крајот на наредната година.

За ова, Осамни очекува и поддршка од страна на новиот експерт, кој со својата експертиза, знаење и искуство ќе претставува дополнителна вредност на Секретаријатот за европски прашања, во неговата подготовка на тимот, структурата, но и на целата администрација за евентуалниот почеток на преговорите со Унијата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски