Османи од Минхен: Западниот Балкан не е дупка, туку срце на Европа

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, утрово имаше излагање на панелот: „Празнина во срцето на Европа? Назад на Балканот“.

Како што информира МНР, дискусиите биле насочени кон реафирмација на пристапот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан како стратешки и кредибилен партнер за Европа, при што Османи се осврна на заложбите на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија.

„Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија на Западен Балкан, може да има драматични последици за земјите од регионот и за ЕУ, вклучително и во однос на безбедноста и миграцијата. Нашите земји треба да продолжат да напредуваат во однос на помирувањето и решавањето на билатералните спорови, во европски дух, како и да ги зајакнат фундаменталните реформи, особено во однос на владеењето на правото, врз основа на ревидираната методологија за пристапување“, истакна Османи.

На настанот беа присутни, Претседателот на Словенија, Борут Пахор, на Косово, Вјоса Османи, Државниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас, министрите за надворешни работи на Хрватска, Косово и Босна и Херцеговина, Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит, посебниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак како и специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија