Османи: Очигледно во јавноста има одредено чувство за етничка пристрасност за судските одлуки

Од:

Очигледно во јавноста има одредено чувство кај етничките заедници дека имаме етничка пристрасност, односно наклонетост при носење на судските одлуки во зависност од етничкта припадност на сторителот на дејството, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

За да ги потврдиме научно или да ги отфрлиме ваквите перцепции во јавноста, Османи најави, дека со ОБСЕ почнале иницијатива за научно потврдување на евентуална етничка пристрасност во судството преку случајно одбирање на предмети од минатото за слични дела кои ги вршеле сторители со различна етничка припадност со цел, како што рече, да видиме дали одлуките на судот имаат пристрасност или тоа е само перцепција.

Прашан во однос на поврзувањето на неговото име со случајот „Монструм“ и дали има некакви сознанија за овој предмет, Османи рече, дека не располага со никакви сознанија и дека очекува да почнат да го поврзуваат и со убиството на Кенеди.

– Тоа прашање и тој предмет веќе е во судски инстанци и очекуваме што побрзо да се разрешат сите дилеми, бидејќи очигледно јавноста е сензитивна на епилогот од тоа прашање. ДУИ од почетокот побара поголема транспарентност на процесот бидејќи очигледно не беше доволно транспарентен штом граѓаните не се убедени во доказите и побаравме поголема вклученост на меѓународните институции за да гарантираат кредибилитет во процесот, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра