Османи: Очекуваме помош од Германија и во оваа финална фаза за нашите европски интеграции

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг, кој е во посета на Република Македонија на покана на Фондацијата Конрад Аденауер.

На средбата, како што соопштија од неговиот кабинет, соговорниците се осврнаа на најновите случувања и текови во однос на напредокот на земјата во процесот на европска интеграција, особено во контекст на резултатите од референдумот и евроатлантските перспективи на земјава.

– Добивме јасна порака од граѓаните до политичките елити да ја преземат одговорноста и да ѝ обезбедат на земјата евроатлантска иднина, потенцираше Османи, посочувајќи на Парламентот како институција каде треба да продолжи имплементацијата на Договорот од Преспа во чија реализација треба да се вклучат сите политички фактори.

Тој потенцирајќи ја посветеноста на Секретаријатот за европски прашања, за целосна и соодветна подготовка на преговарачката структура за преговорите во јуни следната година рече дека имплементацијата на овој Договор ќе се движи паралелно со процесите на имплементација на реформите и обврските дефинирани во заклучоците на јунските самити, како и соодветната реализација на објаснувачкиот скрининг со Европската Комисија кој започна минатата недела.

Османи изрази надеж дека и во оваа финална фаза, заеднички ќе ги надминеме последните предизвици за заокружување на евроатланската перспектива на земјава.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски