Османи: Очекувам поддршката од страна на Норвешка во клучниот период за Македонија

Од:

Денес, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад, каде се дискутираше за билатералната соработка, за проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Македонија како и за евроатлантските аспирации на нашата земја.

За време на средбата, Вицепремиерот Османи истакна дека билатерална поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за нашата земја за проекти во најголем дел е наменета за остварување на најзначајните стратешки цели на земјата – интеграција во ЕУ и НАТО и изрази задоволство што истата е зголемена оваа година.

Османи се заблагодари за досегашната исклучително добра соработка со Кралството Норвешка, како и за севкупната поддршката што Република Македонија ја добива од оваа земја во спроведувањето на реформите, и во поддршката од страна на Норвешка за нашите евроатлантските интеграции.

„Македонија се наоѓа во исклучително важен период, кога се очекуваат клучните одлуки за нашите европски и евроатлантски интеграции, и во овој момент сме посебно благодарни на секоја помош и поддршка од страна на нашите меѓународни партнери“, изјави Османи, додавајќи дека ја очекува поддршката од страна на Норвешка и во наредниот период.

Османи го информираше амбасадорот и за содржината на штотуку објавената Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година, како и за значењето која Стратегијата ја има за европските перспективи на Република Македонија, како и за перспективите на целиот регион.

Двајцата соговорници се согласија во наредниот период паралелно да се стави фокус на два процеси; затворање на сите завршени проекти од нашата досегашна соработка како и планирање и започнување на реализација на нашата билатерална проектна соработка од оваа година па натаму.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези