ВИДЕО: Османи очекува брзо усвојување на Законот за употреба на јазиците

Од:

Владата во наредните денови ќе го адресира Законот за употреба на јазиците како важно прашање кое е дел од Рамковниот договор, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи.

– Во наредните денови Владата ќе го разгледа и се надеваме брзо ќе го усвои законот за употреба на јазиците, рече Османи на новинарско прашање пред состанокот на СЕП и Минситерството за правда посветен на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството..

Тој посочи дека не очекува опструкции од опозицијата.

– Мислам дека не затоа што тие имаа јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница затоа што констатирале во партијата дека имале погрешен пристап. Ние сметаме дека ова е идеална можност да ВМРО-ДПМНЕ го коригира ставот и заеднички со консензус го донесеме законот за јазици. Такво чувство имаме добиено од јавните ставови на ВМРО-ДПМНЕ, рече вицепремиерот Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски