Османи обвинува: Бејта ја почна кариерата со откази

Од:

Политички реваншизам е отпуштањето на околу 180 вработени во Комуналец и во општинската администрација од првиот ден со стапување на функција на новиот градоначалник Невзат Бејта, обвини досегашниот прв човек на општина Гостивар и лидер на НДП , Руфи Османи.

Тој потенцира и дека Бејта презел слични мерки во сферата на образованието каде донел „незаконски решенија за разрешување на повеќе директори на основните и средните училишта“.

– Ваквата постапка е тешко кршење на независноста на советите на училиштата кои ги бираат и разрешуваат директорите. Во овој случај тој длабоко гази во автономијата на образовните институции – порача денескаД Руфи Османи, поранешен градоначалник на Гостивар

Според Бејта, откази ќе добијат само лицата на кои им завршиле договорите и оти за него изјавите на Османи се зборови од човек што ги изгубил изборите и кој не знае што зборува. Тој го обвини Османи дека во претходниот четиригодишен период општината станала седиште на НДП.

– Тој ги изгубил изборите и како лидер на една политичка партија на национално ниво и изборите за градоначалник и сега тој не е свесен што зборува и јас немам вина во тоа – велиа Невзат Бејта.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар