Османи: Нема руско влијание во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на конференција во Брисел посветена на евроатлантската интеграција на Македонија, одговарајќи на прашања од публиката порача дека не верува оти Русија има важно влијание во опозициската партија.

– Не мислам дека има руско влијание во ВМРО-ДПМНЕ. Некои од нив ги познавам од порано. Можеби има обиди но не верувам дека ќе бидат успешни со ВМРО, беше одговорот на Османи на тоа дали Москва влијае врз опозицијата за да спречи компромис за името.

Османи додаде дека е уверен дека рускиот отпор кон членството на Македонија на НАТО ќе расте, јави дописничката на МИА во Брисел.

– Не сите земји сакаат Македонија да стане членка на НАТО, тоа не е заговор, тоа го кажуваат јавно. Отпорот ќе биде сѐ поголем како што ќе се приближуваме кон НАТО. Уверен сум дека ќе има отпор, изјави Османи.

Османи повтори дека ова се “критични часови, па и минути“ за решението на спорот за името.

– Се надевам дека ќе донесам добри вести кога ја планирав посетата во Брисел. Сега не можам да го кажам тоа. Ова се критични мигови, часови, па и минути и овие се најтешките и можат да го дефинираат исходот, порача Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски