Османи: Нема конечен извештај од Венецијанската комисија за Законот за јазиците

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во врска со Законот за јазиците треба да се почека Венецијанската комисија да излезе со конечен извештај, по што ќе се види што од тоа може да одговара на нашиот политички контекст, а што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор, спротивно од нашите погледи како треба да го развиваме нашето мултиетничко општество и мултиетничка држава.

На новинарско прашање за забелешките од страна на Венецијанската комисија за Законот за јазици, Османи посочи дека комисијата е советодавно тело, кое дава мислења по однос на законски решенија за кои ние бараме мислења, но, нагласи, не е точно дека има дадено некаков извештај.

– Тоа се работни верзии во моментот, кои даваат размислување на известувачите по однос на впечатокот што го добиле од еднодневната посета овде на 7 септември и тоа треба дополнително да се разговара во Венецијанската комисија и да се донесе конечна одлука, изјави вицепремиерот Османи по денешната работилница за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Според информациите на вицепремиерот Османи, Венецијанската комисија до крајот на оваа година нема да ги разгледа работните верзии и да донесе конечен извештај.

– Ќе коментираме конечна верзија, рече Османи.

Според него, Законот за јазици е еден од основните столбови на Охридскиот рамковен договор, закон со кој може да кажеме дека административниот дел од Охридскиот договор е затворен и Република Северна Македонија, подвлече, влегува во едно постохридско поглавје во имплементација на духот на Рамковниот договор.

– Секое враќање назад ќе значи отворање на Рамковниот договор и нови преговори, потенцира вицепремиерот Османи.

Сепак, тој посочи дека конечните препораки од Венецијанската комисија ќе се разгледаат и ќе се земат предвид, но одлуките се носат тука во Собранието.

– Има работни верзии, нема извештај. Јас сум видел работна верзија во која се вели дека двојазичноста на банкнотите и на униформите на војската е добра. Затоа велам дека се работни верзии, што даваат различен поглед на различни известувачи по однос на прашањето, повтори вицепремиерот Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски