Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Од:

Јавното осветлување е еден од најважните предуслови за достоинствен живот и безбедност на граѓаните, но состојбата во Општина Чаир е алармантна, стои во соопштението на ДУИ.

„Цели делови од улиците, парковите и јавните простори се оставени во мрак. Од Бит Пазар и ул. Џон Кенеди, преку Топанско Поле, Стара Чаршија и Серава, нашите граѓани секоја вечер се движат низ небезбедни улици, во атмосфера на страв и несигурност,“ изјави Бујар Османи

Тој нагласи дека проблемот не е само технички, туку длабоко симболичен.

„Ова е симбол на негрижата и неспособноста на општинската власт во последните дваесет години. Наместо светлина и безбедност, Чаир беше оставен во темница – буквално и метафорично,“ рече Османи, додавајќи дека повеќе од 40% од постоечките светилки не работат, дека системот се потпира на застарена технологија од пред две децении и дека јавните набавки биле спроведувани без визија и транспарентност.

„Училиштата, игралиштата и јавните собиралишта остануваат во сенка, а тоа ја загрозува безбедноста на децата, жените и постарите лица,“ потенцираше тој.

Во своето обраќање, Османи ја претстави и својата програма за промена.

„Како иден градоначалник на Чаир, ќе започнам со целосна замена на застарената инфраструктура и премин кон современо LED осветлување, со што ќе ги намалиме трошоците за струја за над 60%. Ќе обезбедиме покриеност на сите јавни простори, приоритет ќе бидат училишните дворови, игралиштата, пазариштата, парковите и пешачките премини. Ќе воведеме модерен систем за далечинско управување и брза детекција на дефекти. Сите набавки и трошоци ќе бидат јавно достапни, а граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми преку мобилна апликација и телефонска линија, со гаранција дека ќе се реагира во рок од 48 часа,“ најави тој.

„Со оваа програма, Чаир конечно ќе блесне. Ќе изградиме систем кој не е само осветлување, туку симбол на нов почеток, на безбедност и доверба. Време е да го извадиме Чаир од мракот и да му дадеме светла иднина,“ порача Османи.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје

ДУИ: Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“

Меџити до Османи: Дали најмалку двапати си бил во Будимпешта на посета кај Груевски?

А1он

Османи го претстави планот за коренити промени: „Чаир не смее да биде највалканата општина во Скопје“