Османи: Не смее да се пропушти актуелниот моментум да бидеме на брзата патека кон ЕУ

Од:

Една година од отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Никогаш не се поколебавме во европската иднина на нашата држава. Покажуваме високо ниво на подготвеност на нашата администрација во рамки на скрининг процесот, објави на официјалната Фејсбук страница шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи додава дека „посветено, во континуитет, работиме за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон полноправното членство во ЕУ“.

-Уверени дека актуелниот моментум, да бидеме на брзата патека кон ЕУ, не смее да се пропушти. Ни претстојат уште неколку месеци за да се подготвиме за отворањето на кластерите и поглавјата и да го продолжиме преговарачкиот процес. Клучот е кај нас, потребно е сите да покажеме политичка одговорност, зрелост и одговорност кон сегашноста и иднината на земјата, напиша Османи.

Тој упати благодарност до нашите европски пријатели за нивната недвосмислена поддршка на нашиот пат кон ЕУ, што, како што наведува, е гаранција за долгорочна стабилност, економски развој и консолидација на правната држава.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија