(ВИДЕО) Османи: Наредните часови се клучни за решавање на спорот за името

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната презентација на Планот 18 изјави дека наредните часови ќе бидат клучни за исходот од процесот за решавање на спорот за името.

– Наредните часови се клучни за овој 25 годишен маратон во решавање на спорот за името. Можам да кажам дека од двете страни има активен ангажман за решавање на проблемот, рече Османи.

Според него разликите во моментов се интерпретација на напишаното, но чувстува дека ова е идеална прилика за да се затвори прашањето за името.

– Барам разбирање, треба да бидеме внимателни во овој период, бидејќи во последните чекори е многу лесно да се оптеретите и да излезете од правиот пат, рече Османи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски