Османи: Најважно е новиот обвинител да биде експерт и партиски неутрален

Од:

Да се почитуваат Законот и процедурите, да се избере експерт што ќе биде партиски неутрален и кој ќе го врати достоинството на институцијата, рече денеска вицепремиерот Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со назначувањето нов државен јавен обвинител.

Пред почетокот на трибината за поголемо искористување на ИПА средствата, Османи нагласи дека ДУИ сака на оваа позиција да дојде Албанец, но пред се е битно, како што рече, тој да биде експерт.

– Секогаш бараме правична застапеност во институциите и тоа не е дел од какво било политичко влијание. Дури и во судството бараме да има судии Албанци, но тоа не значи дека Владата или ДУИ се меша во системот. Само сакаме да се почитува Уставот, истакна вицепремиерот Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Панчевски со документ од Основниот кривичен суд тврди дека ги исполнува условите за Државен јавен обвинител

Советот на јавните обвинители даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина

А1он

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

Мицкоски: По изборот на јавниот обвинител ќе се активираат многу предмети

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата