Османи: Националната конвенција претставува одлична платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во преговорите

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Претседателката на Европското движење во Република Македонија и координаторка на Националната конвенција за Европска Унија на Република Македонија (НКЕУ-МК), Милева Ѓуровска.

Целта на средбата е соработката на Секретаријатот за европски прашања со НКЕУ-МК, а особено во контекст на актуелниот скрининг процес, како и подготовка на сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори.

„Имајќи ги предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот скрининг потребно е да се обезбеди целосно вклучување на сите релевантни чинители во овој процес, вклучително и граѓанскиот сектор, при што инцијативата која ја започна Националната конвенција за одржување на дебати за теми поврзани со процесот на европска интеграција е од особена важност“ истакна Османи, посочувајќи на пристапот на кој функционираат овие групи како спој на претставници од институциите, академската фела и граѓанскиот сектор, за што потенцираше, дека овозможува спојување на различни гледишта и мислења како најдобар начин за донесување најквалитетни заклучоци.

„Со оглед на тоа што е започнат процесот на мапирање на државни институции, граѓански организации со кој имаме цел да ги идентификуваме националните експерти, очекувам и вие како НКЕУ да придонесете согласно експертизата која ја поседувате, со што би се конкретизирала и зајакнала нашата заедничка соработка во скрининг процесот”- заклучи Османи.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната активна соработка на претставниците на Секретаријатот за европски прашања и НКЕУ-МК, и изразија подготвеност за продлабочување и проширување на истата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски