Османи на видео-конференција со амбасадорите на ЕУ: Со солидарност ќе излеземе посилни од кризата

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава, денеска одржа видео-конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, во насока на претставување на потребите, согледување на можностите и соодветна координација на донациите и директната поддршка за справување со предизвиците од КОВИД 19.

Османи, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на почетокот на состанокот, во името на Владата и на граѓаните на земјава се заблагодари за досегашната поддршка и помош во справувањето со предизвиците на пандемијата, како во рамките на институциите на ЕУ, така и за досегашната билатерална поддршка која, како што рече, секојдневно пристигнува.

– Вклучувањето на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен фонд, во Договорот за заедничка набавка на медицински средства, во цивилната заштита на ЕУ итн., преставува вистински показател за интеграцијата на земјата во ЕУ, а директната билатерална поддршка на дело ја демонстрира европската солидарност, која ќе ни помогне од оваа криза да излеземе уште посилни, истакна Османи.

Вицепремиерот за европски прашања во продолжение, пред амбасадорите ги претстави активностите на Владата и на останатите тела за координација на активностите за справување со кризата, особено на улогата на СЕП како институција задолжена за координација на целата странска помош во земјава, вклучувајќи ја и поддршката во справувањето со предизвиците од пандемијата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски