Османи на средби со министрите на Ерменија и Азербејџан: Употребата на сила е неприфатлива

Од:

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи оствари одвоени средби со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

На средбите, како што информираат од неговиот кабинет, Османи ја изразил својата длабока загриженост за денешните воени операции во регионот, како и за опасноста и влијанието врз погоденото цивилно население. Повикувајќи на итна деескалација, повторно изрази загриженост за сериозните последици врз луѓето, особено за ранливите групи.

– Хуманитарните аспекти мора да преовладуваат и хуманитарните потреби на локалното население мора да бидат овозможени, подвлече на средбите Османи.

Претседавачот истакна дека употребата на сила за решавање на споровите е целосно и секогаш неприфатлива и дека одржливиот, конструктивен дијалог во добра верба е единствениот пат кон траен мир.

Тој ја повторил и својата подготвеност за личен и активен ангажман и истакна дека ОБСЕ, како организација е подготвена да им помогне на Ерменија и Азербејџан на патот кон мирот.

– ОБСЕ поседува потребно искуство, експертиза и алатки за олеснување на дијалогот и градењето доверба и спроведување на релевантните договори, рече Османи на одвоените средби со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, Мирзојан и Бајрамов.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски