Османи на средби со клучните институции за евроинтеграцијата

Од:

Согласно определбата на Владата за реинтензивирање на процесот на европска интеграција, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи започна циклус состаноци со клучните институции, со цел да се дефинираат конкретните активности и динамиката за спроведување на реформите во клучните области поврзани со процесот на европска интеграција.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, во таа насока денеска вицепремиерот Османи реализираше неколку средби, меѓу кои со министерот за правда Билен Салији и неговите соработници, на која се дискутираше за областите од нивна надлежност во областа на правосудство и борба против корупција. Средба беше одржана и со претседателот на Државна изборна комисија Александар Чичаковски и потпретседателот Реџеп Прекопуца, со фокус на активностите кои се поврзани со изборната реформа, а произлегуваат од препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Во попладневните часови беше одржана средба и со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на која фокусот беше на неопходните реформи во делот на реформа на јавна администрација и медиуми.

Од СЕП посочуваат дека вчера Османи одржал средба и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговите соработници, во поглед на областите од нивен делокруг.

– Во идниот период вицепремиерот Османи очекува интензивирање на средбите со сите засегнати страни со цел да се обезбеди ефективен и одржлив напредок во спроведувањето на реформите. Секретаријатот за европски прашања останува посветен на процесот на европска интеграциј, а и во иднина средбите ќе продолжат не само на министерско ниво, туку и на ниво на работни групи со експерти од клучните институции, стои во соопштението од СЕП.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски