Османи на средбата со Петков: Ни требаат јасни пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот

Од:

Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков, информира МНР.

Како што соопштува Министерството, на средбата станало збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи:

„Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент”.

На средбата било изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.

„Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог.

Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји“, се вели во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија