Постигнувањата во 2018 година на патот на европските интеграции, статусот на имплементација на обврските и реформите, меѓудругото, ќе бидат тема на годишниот брифинг на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи со медиумите во Секретаријатот за европски прашања.
На брифингот ќе стане збор и за предизвиците, како и очекувањата и приоритетите за 2019 година.