Османи на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес

Од:

Денеска во Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи одржан во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин оваа година беше министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.

Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан во насока на достигнување на економски раст и развој, отворена пазарна економија и забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ.

На состанокот министрите усвоија Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот.

Меѓу темите кои беа дискутирани за време на состанокот беа и енергетската криза и потребата од солидарност од земјите членки на ЕУ, заштитата на животната средина и Зелената агенда, улогата на граѓанското општество и вклученоста на младите.

Во своето излагање, министерот Османи се осврна на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и на мерките преземени за нивно поскоро решавање. Нагласи дека она што се смета за особено важно за нас е, од една страна, иницијативата за Берлинскиот процес да обезбеди поврзаност со ЕУ процесите, но истовремено и да се обезбеди меѓусебна комплементарност преку размена на позитивните искуства на земјите.

„Крајно време е да ги здружиме Заедничкиот регионален пазар и Отворениот Балкан. И двете имаат иста цел и треба да бидат комплементарни, инклузивни и да ја почитуваат нашата потрага за усогласување со acquis. Тоа, исто така, би послужило за ставање на напорите на ЕУ, САД и Велика Британија под еден чадор за поддршка на регионот на Западен Балкан како област на слободни и еднакви граѓани“, подвлече Османи.

Министерот говореше и за потребата од унапредување на културата на дијалог и културата на изнаоѓање на компромисни решенија кои имаат за цел да дадат автентичен придонес во европеизација на земјите од регионот.

„Северна Македонија со потпишување на Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка може во голема мера да послужи како пример и модел во насока на носење на идни позитивни решенија за надминување на отворените прашања на Балканот, како и за промоција и унапредување на регионалната соработка, истакна Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија