Османи на работен појадок со амбасадорите на соседните земји

Од:

Стратегија за проширување на ЕУ, добрососедските односи, Берлинскиот процес и регионалната соработка која произлегува од него, поефикасното користење на ИПА фондовите, размена на информации од заеднички интерес и меѓуграничната соработка се темите на кои денеска на работен појадок ќе разговараат вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорите на земјите од Западен Балкан.

На средбата, која ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), поканети се амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Како што информираат од СЕП, оваа средба е прва од серијата предвидени редовни координативни состаноци со амбасадори на земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски